Фото: Пекселс

Одделот за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против четириесет годишниот Д.Г. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста и за кривично дело „Полов напад и силување“, соопшти полицијата.

Според информациите на полицијата татко ги физички ги нападнал, а потоа сексуално ги злоставувал своите 16-годишни ќерки.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста и за кривино дело Полов напад и силување. Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата – соопштија од МВР.