Министерот за здравство Арбен Тараври изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, а била понудена помош и од држави од соседството.
-Во моментов 118 лица се згрижени низ болниците во државата – во Кочани, во Штип, во болнците тука. Сега одиме во Клиничка болница на хирургија и на Карил да видиме каква е состојбата. Неколку има на Пластична хирургија на детска хирургија. Сите детални информации ќе ви ги дадеме. Тоа што е најбитно дека нема пациент којшто не е тријажиан, што не е сместени низ болнците во државата. Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам дека ќе дадеме максиум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на коишто им се случила трагедијата – изјави Таравари.
Тој не сакаше да каже бројка на повредени кои се хоспитализирани на скопските клиники и дека ќе информира дополнително за тоа по посетата на Ургентниот центар.
Таравари на прашањето дали има доволно капацитети на Клинички центар, хируршките клиники и дали може таму да се згрижуваат најтешко болните на кои им е потребно интензивно лекување, со оглед дека беше најавено реновирање на КАРИЛ, тој посочи дека тоа е одложено.
Најави дека повеќе информации ќе даде откако ќе добие податоци од клиниките во однос на видот на повредите и дали некој од хоспитализираните во меѓувреме им подлегнал на повредите.
Кажа дека засега се во комуниакција со државните болници, бидејќи нема потреба за тоа. Била понудена помош и од соседните земји.
– Министерот за здравство на Бугарија се јави дека се подготвени за се што треба. Евентуално ако има потреба тука се за да ни помогнат – изјави Таравари, додавајќи дека засега државните болници се добро организирани и нема потреба од странска помош.
По посетата на Ургентниот центар најави дека ќе замине за Штип, а од таму за Кочани за да добие точни информации.