Вработен во такси компанија синоќа бил физички нападнат од патник во неговото возило и од неговите пријатели, по претходна расправија пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров.
– Во СВР Скопје, вчера 23:15 часот Ѓ.П. (41) од Скопје пријавил дека во 22:40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, вработен во такси компанија, по претходна расправија, бил физички нападнат од патник во неговото возило и од неговите пријатели – информираат од МВР.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.