Тело на починато машко лице било пронајдено во напуштена куќа во Скопје, соопшти полицијата.
Вчера во 10.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на ул.„Коле Неделковски“ во Скопје, во сопственост на правно лице, било пронајдено тело на починато машко лице.
Увид извршила екипа од Полициската станица Центар, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител телото било подигнато од А.Д. „Бутел“.