Фото: Маја Јаневска Илиева

На 11/12.12.2025 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СКК и ОСПО/ЕБР, под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведена е полициска акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство”, „перење пари и други приноси од казниво дело“ од КЗ и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” од Закон за игрите на среќа и за забавни игри, информираше Министерството за внатрешни работи.

– Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на 11 локации во Скопје, при што лишени од слобода се осум лица од Скопје, а при претресите пронајдени и одземени се парични средства околу 34.510 евра, 431.000 денари и 400 долари, повеќе телефонски апарати, три патнички моторни возила, компјутери, лап топ компјутери, маси за покер, чипови, карти, друга опрема за покер, документација, растителна и прашкаста материја – велат од МВР.