Судот и формално одлучи да го спои обвинението против сопствениот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, со обвинението за главниот предмет за „Пулс“. Со спојувањето, Нацев, чија агенција ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, и официјално е 35. обвинето физичко лице во постапката. Обвинението против Нацев беше поднесено подоцна и се оценуваше посебно.
Спојувањето на обвинението против сопственикот на „Рубикон“ со главниот предмет, како што кажа судијката Диана Груевска-Илиевска на денешното прво рочиште, е поради економичност на судската постапка.
Судијката Груевска: Ќе дојдеме до правдата
Покрај 35-те физички лица, за пожарот во Кочани се обвинети и три фирми.
Александар Нацев е присутен на денешното рочиште заедно со останатите 34 обвинети.
Утринава во 9:30 часот во големата дигитализирана судница при Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје започна судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Големиот пожар изби пред осум месеци, на 16 март, кога загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.



































