Фото: Пиксабеј

Криминалистичката полиција при ОВР Струга при претрес во сместувачки објект во Струга затекнале четири странски државјанки, три од Бразил и една од Перу, со нелегален претстој во земјата. Кај нив пронајдена и одземена била марихуана, дробилка и други предмети.

СВР Охрид денеска соопшто дека на 12 ноември во 7 часот и 50 минути во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга ја лишиле од слобода А.Б.Т.Г.С. (27) од Бразил, а ги привела  Ј.Т.А.С. (23) и Р.Ц.С. (23) од Бразил, како и Н.О.Ц. (20) од Перу.

– При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети. Констатирано е дека странските државјанки незаконски престојувале во земјава, односно сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Закон за странци – стои во информацијата.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга, како што е наведено, ќе поднесе соодветни пријави.