фото: Маја Јаневска - Илиева

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ објави дека Србија ќе испрати воени хеликоптери по повредените, за да се лекуваат на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград.

– Србија испраќа воени хеликоптери или авиони по повредените да бидат лекувани на ВМА – наведува Стоилковиќ во објавата.

Претходно, во телефонски разговор со претседателката Гордана Сиљановска Давова, српскиот претседател Александар Вучиќ изразил длабоко сочувство и понудил помош во хеликоптери и други медицински транспортни средства, лекарски тимови, како и подготвеност да примат во болниците во Србија голем број повредени во трагедијата во Кочани.