ЕВРОПА Ѝ ПОМАГА НА СИРИЈА ДА СЕ РАЗВИЕ ПОГОЛЕМ НАРКОКАРТЕЛ ОД МЕКСИКАНСКИТЕ?

Според пресметките на криминалистичките експерти, дрогата каптагон, која е помалку позната стимулативна дрога, создава трипати повеќе нелегален трговски обем (во Сирија) отколку што создаваат со својата нелегална работа сите мексикански картели заедно…

Дрогата што предизвикува голема зависност и личи на амфетамин, наречена каптагон, го зафати Блискиот Исток. Владата на Велика Британија проценува дека 80 отсто од тој вид дрога се произведува во Сирија, што претставува приближно трипати повеќе од комбинираната трговија на мексиканските картели за режимот на Асад. Но, како дојде до тоа и што е каптагон?
– Широк спектар луѓе низ Блискиот Исток користат каптагон, кој може да се продава во форма на таблети или прав. Учениците го земаат за продуктивност, таксистите, возачите на камиони, па дури и војниците ја користат дрогата за да останат будни и да можат да работат, додека оние што се соочуваат со несигурност во храната го бараат за да го намалат количеството на оброците – објаснува Каролин Роуз, директорка на институтот „Њу лајнс“.

Наводно каптагон е неизоставен дел од забавата во земјите од Персискиот Залив, благодарение на неговите квалитети што предизвикуваат еуфорија, сето тоа без стигмата на другите дроги, како хероин или кокаин.

Самиот каптагон беше развиен во Германија, во текот на 1960-тите, како фармацевтски лек за АДХД, нарколепсија и депресија. Една од неговите активни состојки, фенитилин, беше ставена на црната листа на ОН во 1986 година, што доведе до тоа повеќето земји да го прекинат производството. Сепак, во Бугарија наскоро се појавија нови производствени центри, со фалсификувани таблети шверцувани од турски банди на Блискиот Исток, според извештајот на Европскиот мониторинг-центар за дроги и зависности од 2018 година. Кога властите почнаа да го уништуваат каптагон во раните 2000-ти, производството мигрираше во Сирија.

Сириски истражувачи тврдат за западни медиуми дека „Сирија е како фарма за дрога“

Алармот почна да се вклучува во изминатите неколку години. Иако е тешко да се пресмета точниот ефект на каптагон врз општеството на Блискиот Исток, поради недостигот од податоци, тој станува клучна грижа во регионот.

Сирискиот истражувачки новинар Таим Алхаџ за „Еуроњуз“ смета дека дрогата е еден од проблемите на општеството бидејќи го уништува, особено на Блискиот Исток, каде што младите луѓе страдаат од невработеност поради колапсот на економските услови и владејачките политики. Тој тврди дека дрогата е клучот за криминалот да влезе на голема врата во секое општество, а камоли во земја како Сирија, која живее во состојба на безбедносен хаос.

Сепак, Сирија не е единствена. Кон крајот на август 2022 година, саудиските власти ја спроведоа својата досега најголема операција против наркотици, разоткривајќи шверц на 46 милиони таблети амфетамин скриени во пратка брашно. Јордан спречи обид за шверц на 16 милиони таблети каптагон во февруари истата година, повеќе од целото количество запленето во 2021 година. Уште полошо е што повеќето држави од Блискиот Исток немаат соодветни системи за рехабилитација и намалување на штетите, покрај кампањите за издигање на јавната свест, а тоа е особено очигледно во Сирија.

И покрај тоа што сирискиот режим и неговите сојузници жнеат милијарди од трговијата, има малку докази дека приходите од каптагон се влеваат во сирискиот јавен сектор. Матните пари, наместо тоа, завршуваат во џебовите на наркобосовите и помагаат да се одржи „динамиката на сирискиот безбедносен апарат“ во неговата тековна битка против бунтовниците, финансирањето на регрутирањето и снабдувањето. Тоа е исто така клучна алатка за пазарење за Башар ал-Асад, при што темата се појавува во дипломатските разговори меѓу арапските земји, кои се обидуваат да ги нормализираат врските. Во мај, Дамаск се согласи да соработува со Јордан и Ирак за да ги идентификува изворите на производство и шверц на дрога. Една недела подоцна, висок сириски шверцер на дрога и неговото семејство, наводно, биле убиени во наводен јордански воздушен напад во јужна Сирија.

Европа во проблемот наречен „Каптагон“

Сепак, сирискиот режим не е единствениот што има корист. Европа е вклучена во трговијата и производството на каптагон како клучна појдовна точка за пратките на дрогата, според Роуз.
– Шверцерите што сакаат да го намалат сомнежот за пратки испратени од териториите под контрола на сирискиот режим најпрво ќе шверцуваат таблети до европските поморски пристаништа или ќе основаат фиктивни компании во внатрешноста на земјата за да ги пренасочат пратките назад кон целните пазари – објаснува таа.
Неизбежно, некои од овие недозволени дроги се најдоа на европските пазари. Италијанската полиција во 2020 година заплени околу 14 тони апчиња каптагон, во вредност од околу една милијарда евра, опишувајќи ја како најголема операција во светот од ваков вид.

Справувањето со каптагон, како и повеќето други недозволени дроги, бара повеќестрано решение, велат и двајцата експерти. На краток рок, Роуз сугерира дека мора да се подобри комуникацијата помеѓу транзитните и дестинациите на трговијата со каптагон. Таа исто така предупреди против „директна соработка со сирискиот режим“. Сепак, Алхаџ вели дека треба да се најдат систематски решенија за решавање на проблемот што од Сирија се генерира и во Европа.


Одгледувањето кока и вкупното производство на кокаин беа на рекордно високо ниво во 2021 година, последната година за која се достапни податоци, а постојано расте и бројот на корисници на кокаин во светот, кој се проценува на 22 милиони за истата година, соопшти Канцеларијата на ООН за дрога и криминал во својот годишен светски извештај за дрога. Сепак, заплените на кокаин пораснаа побрзо од производството, со што до одреден степен се ограничува вкупната понуда, се наведува во извештајот.
Иако речиси 90 отсто од запленетиот метамфетамин низ светот бил во два региона – Источна и Југоисточна Азија и Северна Америка – податоците за заплената сугерираат дека тие пазари се стабилизирале на високо ниво, но шверцот е зголемен на други места, како Блискиот Исток и Западна Африка, се наведува во извештајот.