На Меѓународниот аеродром Скопје спречен е обид за шверц на 27 ипол килограми ароматизиран тутун за наргиле, што требало да заврши на македонскиот пазар. Тутунот е запленет, а против еден турски државјанин се води соодветна постапка.
Со оваа акција, како што денеска соопшти Царинската управа, спречен е обид за избегнување на плаќање давачки за акцизна стока во висина од 138.435 денари.
– Случајот е откриен, кога поради сомневање, мобилен тим го селектираше и изврши контрола на патникот, при што во куферот и личната торба во негова сопственост беше пронајден ароматизиран тутун за наргиле со вкупна тежина од 27,5 килограми – информира Царинската управа.