Поранешниот министер Спиро Ристовски излегува од куќен притвор по прифаќањето на неговата гаранција од страна на Кривичниот суд, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации од судот.
Ристовски е осуден на затворска казна од шест години и три месеци, со првостепена пресуда за случајот „Организаторите на 27 април“.
Од куќен притвор неодамна излезе и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој беше осуден на шест и пол години затвор за истиот случај.