Фото: З.А / Илустрација

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека состојбата со пожарот во Јасен се влошува и оти огнот на едно место се искачил до гребенот, но оти со брза интервенција е запрен.

-Состојбата на пожарот во Јасен повторно се влошува. Огнот тргна нагоре по гребенот. Се приближи кон зелениот пат кој ни е линија на одбрана за да не се префрли од другата страна. Овде се вработени во Јавното претпријатие Јасен поддржани од пожарникари од Македонски Брод, како и возачите и пинцгауерите на ДЗС – изјави Ангелов.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 18 часот на територијата на државава има вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се два, а изгаснати се шест пожари.

Активни се пожарите во Јасен, каде гори мешана шума и во село Калдарец, Китка каде гори мешана вегетација.