Две патнички возила попладнево се судрија на скопската обиколница, помеѓу клучките кон Мирковци и кон Приштина. Сообраќајот се одвива само по лентата за престигнување, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Од МВР ја потврдија информацијата за сообраќајката и посочија дека две лица се пренесени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза”.
– Денеска во 16:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на автопатот помеѓу клучка Мирковци и клучка Приштина се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила. Бидејќи возилата моментално се наоѓаат во средна лента и лента за принудно запирање, сообраќајот се одвива по лента за престигнување. Од сообраќајната незгода две лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” – велат од МВР.





































