Од 14 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп. Според информациите на јавното претпријатие „Македонија пат“, причина за прекинот е сообраќајка меѓу патничко и товарно возило кај месноста викана Фариш.
Сообраќајот се одвива по стариот пат Градско – Прилеп и обратно, пренесе МИА.


































