Фото: ппј.мк/Петр Стојановски

Српскиот патријарх Порфириј упати писмо до Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан по повод трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, јави МИА од Белград.

– Ние штотуку му се помоливме на воскреснатиот Господ на Божествена служба, заедно со свештенството и верниот народ на главниот град Белград, за нашите браќа и сестри, верници на нашата сестринска Македонска православна црква, кои пострадаа синоќа во Кочани“, нагласи патријархот. Заедно со нашиот верен народ, сме соединети со Вас во тагата, затоа што оние што само ги направиле првите чекори на патот на животот, го напуштиле, но и дека сме обединети во молитвата кон Господа да ги смести таму каде што нема ниту тага, ниту воздивнување, туку таму каде што животот е бесконечен –  соопшти Српската православна црква.