Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на службени лица при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело проневера во службата.
Првопријавениот противправно присвоил износ од 1.991.240 денари, а второпријавениот противправно присвоил износ од 278.077 денари, со што пријавените го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ за истиот износ.
По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција едно од лицата е обезбедено и е изведено пред јавен обвинител за понатамошно постапување.