Дваесет и осумгодишен скопјанец синоќа почина кога со мотор удрил во ограда на улицата „Елисие Поповски-Марко“.
Според информациите, во несреќата тешко е повредена и сопатничката Г.С. (27) од Скопје.
По несреќата, Љ.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Двајца повредени во судир помеѓу автомобил и мотор на „Борис Трајковски“
Две лица тешко се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на крстосницата од булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Емил Зола“.
Несреќата се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М. К. (38) од Кичево, и мотоцикл, со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, добил Ј. Д. (21) од Скопје, кој се превезувал на мотоциклот, а на возачот на автомобилот М. К. му биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.