Фото: Пекселс

Полицијата приведе 55-годишен маж од Скопје осомничен за семејно насилство и закани со пиштол кон членови на своето семејство.

Како што соопшти МВР, на 6 март 2026 година во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С. (55) од Скопје, поради сомнение дека пукал од пиштол во семејниот дом и им се заканувал на сопругата и нивните три ќерки.

Според пријавата, на 1 март, по претходна расправија во домот, тој испукал куршум од пиштол кој завршил во прозорецот од куќата. Потоа им се заканувал на ќерките на возраст од 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.

Насилното однесување, како што е пријавено, се повторило и на 5 март околу 22:30 часот, кога осомничениот повторно се заканувал со пиштол кон неговата 48-годишна сопруга, но бил спречен од ќерките да го употреби оружјето.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.