Полицијата постапувајќи по претходна пријава вчера извршила службен разговор со З.И. (47) од Скопје.
Како што информира денеска МВР, според пријавата, околу 15:30 часот во просториите на општина Шуто Оризари З.И. агресивно се однесувал и го нападнал К.Д.(49) од Скопје, градоначалник на општината.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.