Вработените на ЈСП Скопје во пунктот во скопско Ѓорче Петров утринава не можеа да отидат на своето работно место. Според информациите од вработените, има дојава за подметната бомба во кругот на претпријатието.
Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Информациите се дека сите автобуси се повлекуваат во гаража во случај во некој нив да е поставена бомба.
Од МВР информираа дека настанот е пријавен се проверува.
Вработените во ЈСП „Скопје“ најавија дека во 12 часот ќе протестираат пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт, но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите. Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот градски превоз во Скопје.