Фото: Пиксабеј/IИлустрација

Центарот за управување со кризи информираше дека силниот ветер во Скопје и Куманово, попладнево предизвикал искрење на жици поради кои се предизвикани неколку пожари.

– Поради ветер кој го зафати подрчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане, Стрновац. Во Скопскиот регион се пријавени пожари помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта – информираше ЦУК.

На социјалните мрежи се појави видео од пожар во црква во општината Илинден, во селото Мршевци. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, истакна дека се упатува кон Мршевци на местото на пожарот. Рече дека поради силниот ветер, воздухопловите не можат да се вклучат во гасење на пожарот, но потенцираше дека се ангажирани повеќе екипи кои работат на негово гасење.