Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен со шест возила, поддржани од Министерството за внатрешни работи и се борат со големиот пожар кој зафати дел објектите во „Треска“, соопшти градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, додавајќи дека екипи на Општина Центар се упатиле натаму да дадат поддршка на пожарникарите.
Општина Центар формира кризен штаб за координација и поддршка на акцијата, како што посочи градоначалникот.
Герасимовски апелира да се заобиколува овој дел од градот поради настанатиот метеж.