Серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин, повторно е регистрирана денеска од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентрите се наоѓаат 120 километри јужно од Скопје во соседна Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата најсилно беше почувствуван земјотресот во 10 часот и 46 минути, со локална Рихтерова магнитуда МЛ три и интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Битола и околината.