Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Автомобил се запали претладнево на ул. „Владимир Назор“ до Клиниката за гинекологија во Скопје и веќе е изгаснат од противпожарните служби. Нема повредени лица, а причинета е материјална штета, изјави за МИА Звонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Пожарот е пријавен во 09.55 часот.

Интервенирано е со едно возило и четири пожарникари.

Со пожарот било зафатено уште едно возило и фасада од зграда.

– Во СВР Скопје во 09.50 часот било пријавено дека на ул.„Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од М.Г. од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат – соопштија од МВР.

Како што изјави претходно Звонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот е изгаснат, а интервенирано е со едно возило и четири пожарникари.