Денеска во СВР Охрид и езерската полиција, пријавено е дека во пловен објект глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец на околу 30 метри од брегот, настанал пожар, информираа од СВР Охрид.

Како што информираат оттаму, повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција.
– Од преземените мерки, констатирано е дека, глисерот бил регистриран и бил во сопственост на З.Д.(64) од Тетово. Поради предизвикани оштетувања на коритото, глисерот потонал на длабочина од околу три метри, а од пожарот, оштетени се и два други соседни глисери – велат од полицијата.