Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од висококатница.

Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите релевантни траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.

Во тек се разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија поврзани со случајот, а од ОЈО најавуваат дополнителни информации во текот на утрешниот ден.

Според првичните податоци, настанот бил пријавен во полиција во 14.15 часот и се случил во станбените згради во близина на поранешна „Алумина“ во Карпош.