Фото: Пожарникари - Струмица/Фејсбук

Една мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако утрово околу 04:20 часот на патот Валандово-Дојран камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозот и се превртел.

Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди починала мигрантка од Кина, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината било предадено на обукција.

– Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија – се наведува во полициското соопштение.

Инаку, од ТППЕ Струмица денеска објавија дека во 08:00 часот, на патот Валандово-Дојран, ТППЕ Струмица со едно против – пожарно возило и тим од пожарникари-спасители заедно со тим на пожарникари-спасители од ТППЕ Гевгелија учествувале во извлекување на лица од излетано и превртено товарно моторно возило.