фото: Архива

Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства, информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано утрово се случи во дискотека во Кочани, изрази длабко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Тој воедно информира дека сите институции од областа на културата во Скопје ги отвораат вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно.