На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 177 казни, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 43 санкции, 10 казни за возење над дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени биле и 15 мерки за непрописно престигнување и обиколување, 10 за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, четири мерки за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.