Фото: Архива/Илустрација

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело Тешка кражба според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 41-годишник делото го извршил на 21 март, во Ѓорче Петров, кога на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, тргајќи му го од вратот. Потоа почнал да претура по полицата од дневната соба, ја отворил фиоката и одзел 2.500 денари. Така осомничениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист во износ од 11.500 денари, по што веднаш се дал во бегство – велат од ОЈО.

Оттаму додаваат дека, имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, јавниот обвинител оценил дека постои опасност од бегство и до Судот достави предлог за определување мерка притвор.