Фото: „Нова Македонија“

Ракометната федерација на Македонија денес стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара одложување на натпреварот меѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше одобрено, соопшти РФМ.

Натпреварот ќе започне со минута молк.

Претходно РФМ, поради огромната трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории.

– Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата.  Упатуваме искрено сочувство! – објави Ракометната федерација на Македонија.

Почетокот на натпреварот Словенија – Македонија е закажан за 18:30 часот вечер во Копер.