Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска со генералниот секретар на НАТО Марк Руте разговарал за пожарот во Кочани, каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Мицкоски и Руте, според информациите на МИА, зборувале за можно активирање на системот на НАТО за справување со несреќи.
– Се разговарало за актуелната несреќа и за можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи. Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан- информираат од Владата.
Во разговорот Мицкоски посочли дека во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата.