Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази сочувство за големата трагедија во Северна Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош.
– Со длабоко чувство на тага им го пренесувам моето сочувство на браќата и сестрите од Северна Македонија за големата трагедија во Кочани. Кога ја дознав веста останав без зборови и се молам повредените да закрепнат а семејствата на жртвите да најдат сила да се справат со нивната неутешна загуба. Исто така, во име на Албанија и Албанците го пренесувам моето сочувство до премиерот Мицковски и властите на соседната земја, изразувајќи ја нашата подготвеност за каква било помош што е потребна – напиша Рама на Х.
Искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски и до сите граѓани на Северна Македонија изрази и шефот на албанската држава Бајрам Бегај.
– Моите молитви и молитвите на албанскиот народ се упатени кон повредените, тие брзо да закрепнат и болката во градот Кочани да не се зголемува – напиша Бегај во објава на Х.