Фото: Aрхива

Полициските службеници од ОВР Струга вчера го лишиле од слобода А.К. (29) од Струга, а денес околу 11 часот, бил приведен и Л.К. (34) од струшкото село Велешта.

Двајцата осомничени претходно, на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети ги нападнале Б.А. (52) и 17-годишно момче од дебарското село Џепиште. При нападот, Л.К. испукал неколку куршуми од огнено оружје кон постариот маж, по што успеал да избега од местото на настанот.

Против осомничените е поднесена постапка за кривично дело „убиство“ во обид, по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик