Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека попладнево имало пукање во гаражите на трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје. Нема повредени лица.
– Има пријава за трговски центар околу 16 часот. Нема повредени – велат од МВР.
Полицијата изврши увид. Засега нема информации кој пукал и кои се причините.
-Во врска со инцидентот кој се случи денес околу 16 часот, ја информираме јавноста дека согласно утврдените безбедности сценарија и протоколи за работа, трговскиот центар ги обезбеди сите потребни мерки да продолжи нормално со работа. Согласно информациите со кој располагаме во моментов, се работи за изолиран инцидент и не е поврзан со општата безбедност на посетители во трговскиот центар. Увидот на надлежните служби веќе е завршен и трговскиот центар продолжува да работи со редовниот режим на работа. Во трговскиот центар функционираат повеќе системи со кои се осигурува безбедноста на посетителите вклучувајќи и постојано физичко обезбедување и мониторинг и е целосно безбеден за посетителите – информираат од трговскиот центар.