Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес вчера извадила безживотно тело од водите на Вардар кај село Уланци во општина Градско, по дојава што ја примиле попладнето, во 14:30 часот.

Трупот е предаден на надлежните служби.

Информацијата ја потврди Цветанка Богоевска, јавна обвинителка на ОЈО Велес, која што информира дека биле преземени истражни мерки, меѓу кои и за утврдување на идентитетот на трупот со обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.