Фото: МВР

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Б.Д. (53) од Скопје.

– При постапување по претходно изготвен план, соопштија денеска од МВР, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба. По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје – информираат од МВР.