Регионалниот центар за управување со кризи Тетово денеска информира дека е добиена информација за пронајдени неексплодирани убојни средства (НУС), стари бомби и гранати, во Гостивар, конкретно на улица „Илинденска“ број 201 од страна на службено полициско лице од СВР Тетово.
-При информативната координација од страна на ЦУК преку РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар, се известени одговорните од Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС Гостивар, а и други институции од Системот за управување со кризи (СУК). Притоа ЦУК е известен дека, бидејќи подрачно одделение ДЗС Гостивар нема стручни лица за деминирање – пиротехничари, ќе стапат во контакт со пиротехничари од Кичево за безбедно да се отстранат неексплодираните убојни средства во Гостивар. Инаку, и додека пристигнат пиротехничарите, а и додека работат, полицајците од СВР Гостивар ќе го обезбедува местото каде што се наоѓаат неексплодираните убојни експлозивни материјали во Гостивар – информираат од ЦУК.