МВР соопшти дека на 31 декември 2024 година полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во село Синѓелиќ ги лишиле од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје, кај кои на импровизирани тезги се пронајдени над 13.000 парчиња пиротехнички средства.
Како што се посочува во соопштението, кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8.598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4.641 пиротехнички средства.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.