Фото: МВР

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа С.Б. од Скопје кои пред два дена со возило на улица Васил Ѓоргов во Скопје удри во пешак и избега, информираа од Министерството за внатрешни работи.

– Имено 16.03.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје беше пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 11-годишна малолетничка од Скопје. Според пријавеното, околу 13:20 часот на крстосница од улица Васил Ѓоргов и сервисната улица со улица Народен Фронт во Скопје, патничко возило удрило во неа и го напуштило местото на настанот – велат од МВР.

Оттаму додаваат дека СВР Скопје против С.Б. ќе поднесе кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и членот 301 за неикажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода