Реката Вардар - Фото: Ivka20/илустрација

Припадници на МВР и на специјалната единица на Армијата „Волци“, од разно изутрината ја продолжија потрагата по 16-годишното девојче кое вчера исчезна во реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско – соопшти Центарот за управување со кризи.

Потрагата, како што посочуваат од ЦУК, се одвива во координација и со зголемено присуство на терен.

Случајот вчера попладне го пријави сестрата на девојчето на бројот за итни повици. Таа пријавила за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години.

-По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се трага – информираа синоќа од СВР Велес