Фото: Пиксабеј

Двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години биле приведени рано утринава во Неготино, откако при обид да избегнат контрола проголтале бела грутчеста материја, соопштија од СВР Велес, пренесе МИА.

Според информациите, инцидентот се случил околу 00.05 часот, кога полициски службеници од ОВР Неготино ги забележале малолетниците. Во тој момент тие ја проголтале материјата, која подоцна ја исфрлиле од устата и била одземена за понатамошна постапка.

Малолетниците биле задржани во полициска станица, каде со нив бил извршен разговор во присуство на родители, адвокат за малолетници и претставник од Центарот за социјални работи во Неготино.

За случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.