Фото: Пиксабеј

Полицијата синоќа привела двајца 18 годишни момчиња од Скопје кои запалиле огномет на роденденска прослава организирана во угостителски објект во Градскиот парк, со што не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.

-На 19 март 2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот – информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ и најавуваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.