Две лица од Струшко се приведени во полиција поради обид за убиство на нивни сограѓанин, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, на 2 август, 30 минути по полноќ во ОВР Струга лишени од слобода се Д.У. (37) и В.Б. (36), двајцата од струшкото село Корошишта откако претходно, било пријавено дека пред продажен објект лоциран на улицата „Марк и Енгелс“ во Струга, се случила вербална расправија меѓу нив, од една и А.А. и А.У. од друга страна, од Корошишта.
– Притоа, според пријавеното, А.А. извадил нож и замавнал кон Д.У. и го повредил по што, бил пренесен во Општата болница во Струга каде биле констатирани тешки телесни повреди – појасни портпаролот Стефан Димоски.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.