Фото: Маја Јаневска Илиева

Велешката полиција ноќеска ги лишила од слобода Б.Ј.(44) и Љ.Т.(42), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека од домот на 53-годишна велешанка одзеле повеќе предмети.

Како што информираат од МВР, предметите се пронајдени и вратени на сопственичката. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.