Полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 54-годишен маж од село во општина Сарај, откако физички ја нападнал својата 15-годишна ќерка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил рано утрината на 5 март, околу 05:00 часот во семејниот дом, кога осомничениот, под дејство на алкохол, започнал физички напад врз малолетничката.
Нападот бил прекинат откако неговиот син успеал да ги раздели и да спречи понатамошна ескалација на насилството.
Полицијата го привела осомничениот околу 06.00 часот, а на местото на настанот извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



































