Вработен во ЈСП, кој ја испратил заканата за поставена бомба во претрпријатието, е приведен од страна на МВР, соопшти ЈСП.
Сите возила на ЈСП Скопје утринава се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата, по налог на МВР, информира претпријатието за јавен превоз.
Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка. Вработените на ЈСП Скопје во пунктот во скопско Ѓорче Петров утринава не можеа да отидат на своето работно место поради заканата.
– ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието – се вели во соопштението на ЈСП.