Возач од струшкото село Горно Татеши управувал возило со 176 километри на час на место со ограничена брзина 80, полицијата го привела, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според информацијата, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 8 часот и 45 минути го лишиле од слобода М.Т.(58) од селото Горни Татеши, струшко, поради пречекорување на дозволената брзина со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки на магистрален пат Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане.
– При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој го управувал возилото со 176 километри на час на место каде со знак брзината е ограничена на 80 киломентри на час – стои во соопштението.
Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.