Полициски службеници од СВР Скопје синоќа привеле 16-годишник од скопското село Морани, осомничен за напад со нож врз 18-годишно лице од истото село, пренесе МИА.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил по претходна расправија, при што малолетникот физички го нападнал Х.Д. и му нанел тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во приватна болница во Скопје.
Ножот бил пронајден и одземен од страна на полицијата, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

































