Фото: Пекселс

Во СВР Куманово во ноќеска во 2:10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено.

Полициски службеници излегле на лице место при што го затекнате лицето С.С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец и го лишиле од слобода во ПС Куманово.

При проверка на С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,4 промили алкохол во крвта.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.